| четврток, 6 декември 2018 |

САД ја намали невработеноста на 7,7 проценти

industrijaБројот на невработени во САД минатиот месец е намален на 7,7 отсто, што е најниско ниво од декември 2008 година, соопшти надлежното Министерство за труд.

Бројот на лицата кои се вработиле во февруари во САД е двојно зголемен во однос на претходниот месец и изнесува 236.000.

На тримесечно ниво, заклучно со февруари, невработеноста е намалена за 5,4 отсто, кога просечно бројот на нововработените на месечно ниво се зголемил за 191.000 лица.

Во извештајот се наведува дека намалувањето на невработеноста во февруари е поттикнато и од намалувањето на бројот на работоспособните, и тоа за 130.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top