| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот фудбалер Друлиќ се бори за живот

Goran-Drulic

Поранешниот српски фудбалер, Горан Друлиќ, денеска имал тешка сообраќајна несреќа. Тој се здобил со потешки повреди. 37-годишниот Друлиќ управувал со патнички автомобил кој удрил во приколка на камион на автопатот Ниш-Белград денеска околу 19 часот. 

Според српските медиуми, полицијата допрва ќе ги утврдува причините, но било утврдено дека возачот на камионот ги почитувал сообраќајните правила. Поранешниот фудбалер бил итно опериран поради обилно внатрешно крварење, а докторите потврдуваат дека се бори за живот.


Друлиќ е поранешен голгетер, a кратко и капитен на Црвена звезда. Со добрите игри на „Маракана“ обезбеди трансфер во Сарагоса вреден околу 13 милиони евра. Подоцна, тој настапуваше и за Локерен и за неколку грчки клубови, а има и четири настапи за репрезентацијата на Србија и Црна Гора. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top