| четврток, 6 декември 2018 |

Работи што само жените ги прават кога некој им се допаѓа

успесни

Кога некој им се допаѓа, жените се подготвени на сешто. А тоа подразбира и разни чудни работи што ги прават, без оглед на тоа колку години имаат (сакале да признаете или не).

1. Опсесивно следење на Фејсбук/Инстаграм

Од прва до последна објава и така неколку пати.

2. Гледање во телефонот цел ден

Мобилниот телефон ви е секогаш во рацете, а полначот во чантата. Секој пат кога ќе заѕвони телефонот, се надевате дека е тој.

3. Планирање на иднината

Во својата глава, секако. Ако веќе се гледате на патувања, во прекрасна венчаница, во куќичка со цвеќиња, со минимум две деца… Прво би сакале девојче, а потоа момче. Ако биде девојче, ќе се вика…

4. Местата на кои тој излегува…

… сега станаа место на кои излегувате и вие, во надеж дека ќе го сретнете.

5. Дрдорење за него 

Повеќе не се сеќавате кога последен пат сте воделе нормален разговор со пријателките за други работи.

6. Негови пријатели 

Не ги знаете лично, но им ги знаете имињата.

7. Други жени

Секогаш погледнувате кој му ја „лајкнал“ фотографијата или објавата, а потоа му го погледнувате профилот и тие девојки и размислувате дали имал нешто со нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top