Во времето на СФРЈ од 1945 до 1991 година, милицијата беше државна организација која се грижеше за внатрешниот мир. Секое поголемо место имаше своја милициска станица -Станица за јавна безбедност. Она што најверојатно го паметат генерациите родени до првата половина од осумдесетите години се милициските возила. Имаше различни варијанти од популарните тристали, неизбежните застави 101, фолксваген буба, марица, потоа лада нива и секако неизбежното фичо. Возилата беа во сино-бела боја, најчесто со кров во една, а врати во друга боја. На сините регистарски ознаки имаше големо М, црвена ѕвезда и број. На вратите имаше големи букви и натпис Милиција во латинична или кирилична верзија, а во Словенија натпис Милица.
Сообраќајната полиција имаше и БМВ мотори за следење на агресивните возачи кои и не ги имало баш многу во тоа време. А и рака на срце, просечниот Југословенин имаше возило кое не може да развие некоја супер брзина. Секој возач во тоа време ќе се сети и на средбите со сообраќајниот милиционер. Таа средба секогаш започнувала со неизбежниот поздрав што милиционерот ја започнувал така што со рака го допира крајот на шапката, а потоа вика „Добар ден другарке (другар), ве молам документите. Ако сте возеле пребрзо најчесто го добивавте прашањето „А каде брзате“. Некогаш можевте да се извлечете само со опомена да возите внимателно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








