| четврток, 6 декември 2018 |

Вивиен Вествуд: Мишел Обама нема вкус за мода

vivienne-westwood-460x276
Британската дизајнерка, Вивиен Вествуд позната по својот неконвенционален вкус, го критикуваше стилот на првата дама на САД Мишел Обама.

По бранот критики на адреса на облеката на принцезата Кетрин, дизајнерката го префрли своето внимание врз гардероба на сопругата на Барак Обама. Според неа, Мишел Обама нема никаков осет за мода. „Она што го носи е ужасно. Не сакам да зборувам за самата неа, таа е изгледа е прекрасна дама, но начинот на кој ја комбинира својата облека е ужасен”​​, изјави дизајнерката.

„Џеки Кенеди е сосема друго прашање, таа беше блескава”, смета Вествуд.

Минатата недела авангардната модна специјалистка ја нападна сопругата на принцот Вилијам, Кетрин, и ја советуваше да престане да купува нова облека и да облекува ист фустан барем по двапати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top