Поевтиното брашно од Србија ги остави домашните мелничари без работа и со полни амбари, се пожалија од групацијата на мелничко-пекарската индустрија . Од состанок во Стопанската комора рекоа дека имаат огромни залихи зашто во земјава најмногу се продава брашното од увоз кое е поевтино за шест до девет денари.
Групацијата предупедува дека доколку не се преземат соодветни мерки, ќе остане неоткупена годинашната пченица што е за 20 проценти повеќе од лани.
„Очекувавме мерката што беше укината на 1 ноември 2012 да трае до Нова година или најдоцна до март 2013“, посочува Николчо Георгиев од „Макмлин“.
Преработувачите најавија дека ќе бараат поголема контрола на увезеното брашно и воведување маркички за произведено декларирано и увезено брашно.
Според Стопанската комора од ноември лани, кога беше укината владината заштитна мерка, до денес се увезени 12.000 тони пченично брашно најмногу од Србија, но и од Косово и од БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


