
Предлог кој ќе се гласа во Европарламентот на 12 мај, би можело да биде првиот чекор кон целосна забрана на порнографијата, вклучувајќи и на интернет. Шокантниот предлог доаѓа од холандската пратеничка Картика Лиотард која сака еднакви права на мажите и жените во Европската унија.
Според неа, тоа може да се постигне само преку безмилоснa војна со стереотипите, и во таа насока таа сака „забрана на сите форми на порнографија во медиумите”, вклучувајќи ја и „виртуелната зона”.
Иако шансите ваков закон да биде усвоен се минимални, самата идеја за нешто слично е ограничување на човековите права и слободата на говорот. Освен тоа, слична забрана ќе поттикне многу луѓе да се сврти кон илегалната порнографски индустрија, а тоа нема да доведе до ништо добро.
По тој повод шведскиот европратеник Крисиан Енгшром пишува во својот личен блог: „Иако сум целосно согласен дека треба да се елиминираат стереотипите, ќе гласам против овој предлог следната недела.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


