| четврток, 6 декември 2018 |

Бекстејџ наполни шест години (фото и видео)

Естрадниот магазини „Бекстејџ“ денеска го прослави својот шести роденден во просториите на Музејот на ВМРО.

На прославата беа доделени повеќе награди, па така наградата за најуспешна пејачка во 2014 години ѝ припадна на Тамара Тодевска, додека наградата за најуспешен пејач отиде во рацете на Димитар Андоновски.

Backstage 6 god (4) (Custom)

 

Најуспешен актер за 2014 е Сашко Коцев, а најуспешен музички проект е „Македонско девојче 2“ на Каролина Гочева. Маја Оџаклиевска доби награда за национален уметник.

Backstage 6 god (2) (Custom)

За најуспешно спортско дуо за 2014 година беа прогласени Дарко Панчев и Златко Калински за Мундијалот во Бразил

Постхумни награди за трајни вредности во македонската музика добија Јанко Узунов и Даниел Милошески од „Авалон продукција“.

Backstage 6 god (3) (Custom)

Тони Цетински и неговиот колега Петар Грашо добија награда за најпопуларен странски пејач во Македонија.
Backstage 6 god (6) (Custom)


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top