Претставници на Русија и Иран денеска во Москва потпишаа договор, според кој руската државна компанија „Росатом“ ќе изгради два нови нуклеарни реактора во состав на иранската нуклеарка „Бушер“, со што вкупниот број на реактори во Иран ќе биде зголемен на осум.
Освен двата реактора во состав на „Бушер“, договорот содржи опција руската компанија да изгради уште четири реактори на други локации во Иран, соопшти „Росатом“.
Покрај тоа, руските и иранските власти, исто така, ќе го разгледаат и „производството на компонентите на нуклеарното гориво во Иран“, се додава во соопштението.
Иран и светските сили моментно преговараат за намалување на обемот на иранската нуклеарна програма, за која Западот тврди дека би можела да биде параван за производство на нуклеарно оружје, но Техеран наведува дека станува збор за програма за мирновременски цели. Рокот за постигнување договор е 24 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.