| четврток, 6 декември 2018 |

Се омажи најљубоморната жена во Велика Британија

najljubomornata zena

Жената, која често ја нарекуваат „најљубоморна во Велика Британија“, конечно се омажи.

Триесет и едногодишната Деби Вуд во нападите на љубомора го терала својот партнер Стив да подлегне на детектор за лаги секој пат кога ќе се врател дома во случај да не ја изневерил.

Двојката се венчала за Ноќта на вештерките, а Стив изјавил дека неговата жена многу вреди и покрај нејзината несигурност.

Деби е параноична и пати од наррушување наречено синдром Отело, по истоимениот лик од Шекспировата трагедија во која љубомората „го испила“ и последниот грам на здравиот разум.

Деби постојано го преверува телефонот на Стив, му ги чита пораките и ја проверува неговата сметка по неколку пати на ден, барајќи доказ дека ѝ бил неверен.

Таа е толку екстремна во некои случаи што на својот вереник му забранила  да гледа филмови во кои се појавуваат убави жени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top