| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон на своите агенти им забрани секс со Русинки

london-zabrani-na-agentite-si-seks-s-ruskini-267228

Министерството за одбрана на Велика Британија, поготвило внатрешен меморандум за вработените, во кој им се забрануваат сексуални контакти со атрактивни жени од Русија или Кина, бидејќи може да се шпиони, соопштува „Дејли мејл“.

Мерките особено ги засегаат британските офицери кои се на административни или дипломатски мисии во странство. Во Правилникот за безбедност се наведува дека руската Федерална служба за безбедност (ФСС), користи атрактивна агентка за да заведува британски чиновници во вонбрачни врски и потоа да ги уценува за информации.

Военото министерство во Лондон одбива официјално да ги коментира внатрешните правила за сексуалните ограничувања на агентите. Неименуван висок извор од Министерството, сепак, признава дека заканата е реална. Офицерот неодамна бил заведен од многу привлечна жена на околу 30 години, во хотел во Санкт Петербург, додека бил на работа во градот. Дамата се интересирала за хобито на Британецот – класични автомобили, и покажала завидно знаење на оваа тема. Токму тоа ги предизвикало неговите сомневања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top