| четврток, 6 декември 2018 |

Како се менува вашето тело откако ќе престанете да пушите цигари

cigari

За да се видат резултатите по престонокот од пушење, поребно е време, но веќе по 20 до 30 минути може да се приметат мали подобрување во функционирањето на организмот. Прво се намалува крвниот притисок и пулсот, а дланките и стопалата стануваат потопли затоа што се подобрува циркулацијата.

По осум часа од оставањето на цигарите, во телото се намалува нивото на јаглерод-моноксид, додека се зголемува протокот на кислород. Познато е дека на пушачите им е намалено чувството за мирис и вкус, но откако ќе пројдат 48 часа од престанокот, овие сетила постепено се засилуваат.

Откако ќе пројдат три дена, односно 72 часа по последната цигара, бронхите почнуваат да се опуштаат. Помеѓу две недели и три месеци доволно е да се примети подобрувањето на циркулацијата и подобро функционираат белите дробови.

Во период од еден до девет месеци од последната цигара, кашлањето и затнувањето на синусите посетепено се намалуваат.

По една година, двојно се смалува ризикот од срцеви болести, во однос на периодот кога личноста била пушач. Исто така ризикот од рак на грлото е двојно намален.

Кога ќе поминат десет години од оставањето на цигарите, ризикот на рак на белите дробови е двојно помал од ризикот кога сте биле пушач.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top