| четврток, 6 декември 2018 |

„Блиска врска“ од Славе Ѓорго Димоски објавена во Србија

Во издание на Удружења књижевника Србије деновиве од печат излезе книгата „Блиска врска“ (Блиска веза) од Славе Ѓорѓо Димоски а во препев на Душко Новаковиќ, познат српски поет но, можеби и најдобриот преведувач на македонската поезија на српски јазик.

Во ова издание се содржани книгите „Форми на страста“ (1988) и „Темно место“ (1999 г., награда „Браќа Миладиновци“, 2000 г.), две книги кои прават една целина во која еросот и танатосот доаѓаат до полн израз, односно го проблематизираат принципот на љубовта и смртта во една класична комбинација: ерос – танатос.

Оваа е трета книга од Славе Ѓорѓо Димоски на српски јазик (претходни „Мерач на зборовите“ 2010 и „Поле. Бојно поле?“ 2011), а четиринаесетта на странски јазик. Неговата поезија е преведувана на над триесет јазици.

Книгата беше промовирана на штотуку завршениот Саем на книгата во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top