| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија во Декларација ја призна депортацијата на евреите од Македонија, Еврејската заедница укажува на допрецизирање

македонски евреиБугарскиот парламент усвои Декларацијата во која се признава неуспехот да спасат од депортација 11 илјади евреи од териториите под бугарска контрола за време на Втората светска војна. „Бугарија ја одби депортацијата на над 48 илјади евреи, бугарски граѓани, во концентрационите логори. Сепак, објективна проценка на историските настани не може да го негира фактот дека 11.343 евреи беа депортирани од северна Грција и Кралството Југославија, кои во тоа време беа под германско управување“, стои во Декларацијата.

„Иако се осудува овој криминален чин, преземен од Хитлеровата команда, изразуваме жалење што локалните бугарски власти немаа можност да го спречат“, се додава во документот, усвоен непосредно во пресрет на 11-ти март, денот кога се одбележува 70-годишнината од депортацијата на македонските евреи во Треблинка.

Од Македонија во 1943 година беа депортирани 7144 евреи. Таа тема обработена и во филмот „Трето полувреме“, што предизвика бурни реакции од Бугарија.

Сепак, Еврејската заедница во Македонија и раководството на Музејот на Холокаустот во Скопје не се согласуваат со декларацијата на официјална Софија за депортацијата на македонските Евреи, пренесе телевизијата Алфа. Не навлегуваат во коменитарање политички одлуки, но потенцираа дека сепак се чуствуваат обврзани да презентираат историски факти кои покажувале дека вината на Бугарија е директна, а не индиректна како во декларацијата.

Признавањето на вината го поздрави универзитетскиот професор од САД, Едвард Гафни, кој е и истражувач и автор на документарен филм за депортацијта на евреите во фашистичка Бугарија. Според него, сепак, на Софија и недостасува уште чекор.

И Гафни потсети дека депоратацијата на македонските Евреи од Монополот во Скопје е вршено не со германски туку со бугарски возови. Според официјалните податоци, со нив во смрт е однесена 98% од еврејската популација во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top