| четврток, 6 декември 2018 |

Во Индија убиле жени со масовна стерилизација: Еден лекар за пет часа оперирал 83 жени?!

indiska zena

Осум жени умреле, а 24 се хоспитализирани во индиската држава Чатисгарх поради компликации настанати по стерилизација направена во склоп на програмата за планирање на семејство што го организирала индиската власт за да се смали растот на популацијата.

Кај 60 од 83 жени се развиле компликации по зафатот откако пациентките почнале да се жалат на повраќање и малаксаност. Стерилизацијата кај жените редовно се организира во разни индиски држави во склоп на државната програма за контрола во растот на популацијата во земји со повеќе од 1.2 милијарди жители. Жените кои ќе се одлучат на ваков зафат им исплаќаат 1.400 рупии, а на некои им нудат погодности како што се електрични апарати или стари автомобили, настојуваќи на тој начин да потикнат поголем одзив кај жените.

Индиски официјални лица негираат дека зафатите се извршени немарно, а жителите тврдат дека операциите се направини набрзина така што еден доктор оперирал 83 жени за пет часа.

Причината за смртта на жените ќе се знае по обдукцијата.

Ова не е прв случај во Индија, во 2012 година во државата Бихар се уапсени тројца ко  за два часа направиле стерилизација на многу жени на отворен простор без анестезија. Според податоците на Обединети нации, Индија е водечка во светот по зафатите на стрилизација врз жени.

Интересно е и тоа дека масовните кампањи не го постигнале саканиот ефект, бидејќи населението во Индија во последнава деценија е зголемено за 17.6 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top