Кога станува збор за љубовта, преголемите разлики, но и преголемите сличности, можат да доведат до разделба. Дознајте како функционираат два исти знака во љубовна врска
ОВЕН-ОВЕН
Кога ќе се сретнат два огнени знака, често доаѓа до експлозија. Врската помеѓу два Овна може да биде многу незгодна доколку дозволат да почнат постојано да се бодат со роговите. Но, доколку дозволите имплусивноста на партнерот да ве инспирира, вашиот однос може да биде функционален.
БИК-БИК
Оваа двојка може да биде сосема компатибилна, затоа што и двајцата се врзани за домот. Овие два земјени знаци претставуваат стабилност кога се заедно. Доколу има кавга помеѓу нив, тоа е исклучиво поради финансиите.
БЛИЗНАК-БЛИЗНАК
Односот помеѓу два Близнаци може да биде исклучиво бурен и возбудлив. Сепак двајцата неможат долго да издржат заедно.
РАК-РАК
Два Рака може да функционираат единствено доколку секој од нив прифати дека покрај себе имаат сензитивна личност.
ЛАВ-ЛАВ
Врската помеѓу два Лава тешко може да биде успешна, едноставно затоа што едниот или другиот постојано ќе чувствуваат потреба да биде главен. Рамнотежата на силата може да се воспостави на некое време, но вистинската еднаквост многу ретко.
ДЕВИЦА-ДЕВИЦА
Две Девици можат да имаат совршена врска. Секој од вас има големи очекувања од другата страна. Тоа понекогаш доведува до недоразбирања, но често доведува до тоа да еден од вас му помага на другиот да биде подобра личност.
ВАГА-ВАГА
Овие два хороскопски знаци можат да бидат заедно единствено ако и двајцата сфатат околу што вреди да се расправаат. Секој од вас сака хармонија и подобро е да попушти отколку да се расправа за секакви ситници. Вашата компатибилност зависи од тоа колку сте и двајцата свесни за овој факт.
ШКОРПИЈА-ШКОРПИЈА
Ова е фатална врска која започнува силно и брзо, но исто така може и да заврши. Воедно тука се постојано присутни во помала или поголема мерка како емоционални драми, така и немилосрдни конфликти, борби на се или ништо. Љубовта може да опстане само доколку и двајцата научат да бидат толерантни еден кон друг.
СТРЕЛЕЦ-СТРЕЛЕЦ
Тешко е дека два Стрелци можат да остварат стабилна врска, едноставно затоа што и двајцата сакаат да се натпреваруваат и имаат страв дека тој другиот може да почне да му ја ограничува слободата. За среќа и двајцата се искрени еден кон друг, па можат да ја ублажат природната неспоивост.
ЈАРЕЦ-ЈАРЕЦ
Врската помеѓу два Јарци може долго да трае, затоа што и двајцата се свесни дека на тој другиот му е потребен живот вон врската. Со оглед на тоа дека го почитуваат времето и трудот на партнерот, два Јарци се во состојба полека да за зацврстат силната врска во која делат заеднички вредност.
ВОДОЛИЈА-ВОДОЛИЈА
Иако можат да бидат одлични пријатели кои се охрабруваат еден со друг. Тие се во трка по авантура, по нови доживувања, а всушност тоа може да биде и пречка за емоционална врска.
РИБИ-РИБИ
На прв поглед можат да изгледаат како совршен пар. Тие сакаат да ги исполнуваат своите желби и сонови, но секој за себе. Тоа води до оддалеченост и стагнација во врската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



