| четврток, 6 декември 2018 |

Американски метеоролози: Доаѓа ладна зима со многу снег!

После топлата зима изминатава година во поголемиот дел од Европа, американскиот метеоролошки портал Accuweather предвидува нешто сосем поинакво за оваа година.

Порталот објави прогноза за зимата која е потпишана од американскиот метеоролог Ерик Леистер.

Според американските метеоролози на балканското подрачје каде што се наоѓаат Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, па и делот на Европа кај што се Романија и Словачка може да се очекуваат обилни врнежи на снег.

Силните снежни бури, што често ја погаѓаа западна и северна Европа минатата зима, не се очекува да бидат толку јаки и чести оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top