| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ги обвини украинските сили за бомбардирање на местото на несреќата на малезискиот авион

putin1

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини украинските сили дека постојано вршат артилериски напади во реонот на несреќата на малезискиот авион, кој се урна во јули на украинска територија, и оневозможуваат објективна истрага за инцидентот.

– Не се проруските сепаратисти, туку спротивната страна е таа која не им дозволува на меѓународните експерти да работат на местото на несреќата, бидејќи постојано напаѓа во оваа област, изјави Путин за време на средбата со малезискиот премиер Наџиб Разак во Пекинг.

Тој изрази задоволство од фактот што на малезиските експерти конечно им било дозволено да учествуваат во истрагата за авионската несреќа, при што загинаа 298 лица.

Путин уште еднаш им изрази „најискрено сочувство на семејствата на жртвите и на целиот пријателски народ на Малезија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top