| четврток, 6 декември 2018 |

Шест денари поевтин природен гас за стопанството

Природниот гас Макпетрол го продава за 30,03 денари за кубен метар.

„Макпетрол“  ја намали цената на природниот гас за стопанството за 6,23 денари. Новата цена изнесува 30,03 денари за кубен метар гас за разлика од досегашните 36,26 денари. Намалувањето од 17,18 проценти е предизвикано од пониската набавна цена на гасот за првиот квартал годинава во споредба со четвртиот квартал од минатата година за 14,3 проценти, односно цената од 579 долари за 1.000 метри кубни се намалува на 496 долари, соопштуваат од компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top