| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 48 ученици загинати од експлозија на бомба во Нигерија

Image_4418054_407

Најмалку 48 ученици загинале во експлозија на бомба во средно училиште во градот Потискум, во североисточна Нигерија, соопштуваат американските медиуми.

Бомбата експлодирала кога учениците се собирале пред почетокот на наставата. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми.

Никој засега не ја превземал одговорноста за нападот, но терористичките напади во Северна Нигерија најчесто се дело на исламистичката група „Боко Харам“, кој веќе пет години фактички води војна против централните власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top