Фондацијата Д-р Михаил Левенсаки денеска одбележува три години од основањето и 72 годни од раѓањето на Д-р Михаил Левенски.
„Начелата за делување на Фондацијата се начела по кои живееше и делуваше Д-р Михаил Левенски. Ние веруваме дека во основата на човековото семе е човекољубието и природољубието. Веруваме дека менувајќи се себеси кон добро, позитивно ќе ја промениме средината. Веруваме дека за да имаме иднина треба да го чуваме и почитуваме она што било пред нас и да сме активни и будни творци во денешнината. Согласно начелата на делување, Фондацијата се вклучи во активностите за возобновување на Храмот „Свето Вознесение Христово” во Село Владинирово, кој беше опожарен на први ноември годинава“, велат од Фондацијата.
На иницијатива и во организација на членовите на Фондацијата, на 27 ноември, 19 часот, во ресторан „Бела,“ ќе биде реализирана донаторска вечер за собирање средства за помош во возобновувањето на Храмот “Свето Вознесение Христово”. На настанот покрај за роднокрајци од Владимирово и Малешевијата, отворена е поканата и за сите пријатели и хумани луѓе кои сакаат да дадат свој придонес во возобновувањето на опожарениот храм граден пред 170 години.
На донаторската вечер ќе се продаваат книги, компакт дискови и други донирани предмети. Донираните средства како и средствата од продажба на донираните предмети, ќе се внесуваат во наменски кутии, а имињата на донаторите и висината на донацијата ќе се евидентира во донаторски книги кои ќе се предадат на одговорни лица од Храмот “Свето Вознесение Христово”.
Комплетните средства ќе се внесат на наменски отворената сметка која е веќе активна и на која сите кои не се во можност да дојдат на донаторската вечер може да уплатат средства согласно можностите.
Сметката е: МПЦ – СПЕ –ЗА ОБНОВА НА ЦРКВАТА СВ. ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО, С.ВЛАДИМИРОВО
Жиро сметка 300030000206790
Комерцијална Банка
Членовите на Фондацијата се во директен контакт и со други невладини организации, компании и лица кои сакаат да се вклучат во истата активност, или ќе организираат посебни активности, а со истата цел – да се возобнови Храмот во Владимирово.
Црквата била позната по живописниот иконостас донесен од Света Гора и десетте дабови столбови, со секира оформени во шестострани правилни призми, кои го крепеле сводот. Градењето на Црквата, иконите и иконостасот биле донирани од месното население.
Храмот “Свето Вознесение Христово”, беше една од најубавите и најстари црквиво Малешевијата и гордост на село Владимирово. Храмот до темели изгоре на први ноември 2014та.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст