| четврток, 6 декември 2018 |

Во семејството нема место за Кристина Ковач

Со месеци се шпекулираше дека сестрите Ковач не се во добри односи, но тиквата пукна кога Кристина преку социјалните мрежи јавно се откажа од Александра, додека таткото Корнелије Ковач остана неутрален.

Но, сепак и познатиот композитор си одбра страна, кога на својот концерт кој пред два дена се одржа во Градската куќа во Суботица, собра голем број пејачи, а како поддршка се појави неговата ќерка Александра. Таа на социјалните мрежи постави слика со татка си.

Со овој гест тие јасно ставија до знаење дека семејството се држи заедно, а во него нема место за Кристина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top