| четврток, 6 декември 2018 |

Гардероба на Мадона продадена за 3,2 милиони долари

madona

Гардероба на Мадона што носела за време на каирерата, но и приватно, беше продадена на аукција за 3,2 милиони долари.

Најмногу  заинтересирани имаше за јакната од филмот „Очајнички барајќи ја Сузан“, која беше продадена за 252.000 долари додека здолништето од музичкиот спот за песната „Матириал грл“, беше продадено за 73.125 долари.

Нејзината венчаница од 1985 година достигна сума од 81.250 долари. На дводневната аукција во Калифорнија беа понудени и продадени лични предмети на други музички ѕвезди – Мајкл Џексон, Шер, Џон Ленон, Џејмс Браун и Елвис Присли. Очилата на Ленон беа продадени за 25.000 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top