| четврток, 6 декември 2018 |

Оштетен бедемот на Долни сарај во Охрид

Голем одрон на бедемот  на “Долни Сарај”  од денеска направи пукнатината која е проширена и претставува голема опасност  за околните  куќи ,како и за  минувачите на “Мостот на желбите”, објави порталот „Охриѓани“.

Последниот дожд предизвика поголем одрон и страв кај локалните жители, кои веднаш реагирале и бараат од надлежните да ја санираат пукнатината.

– До денес не е ништо преземено ѕидот стои, дождови не паднале ако почне да врне јас мислам ѕидот во целина ќе падне и ќе дојде до новата бина многу убава бина што е направена, вели проф. Драги Поп Стефанија жител под ѕидините.
“Долни Сарај” е важен историски споменик, граден во 18 век. Објектот бил летна резиденција, љубовното гнездо на Џеладин бег и Ташула. Тука е изграден и првиот водовод т.н. “Бакалов мост”.

-Таму постои натпис се вика Иван 2 мај 1802 кога е направен водоводот, донесена е вода од езерото до шадрванот и до “Долни Сарај”. Штета би било да се урне оваа идеална охридска тераса , додава Поп Стефанија.
Од Завод и музеј знаат за оштетувањето , велат досега се санирани  дел од ѕидините, зафатот ќе продолжи идната година, но доколку состојбата е ризична поради дожд и снег ќе се преземе итна санација.

“Долни Сарај” денес е една од најубавите летни сцени каде се одржуваат фестивали, концерти и културни настани, терасата го има највеличествениот поглед кон Охридското езеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top