| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстрантите од Хонг Конг бараат директни разговори со Пекинг

HongkongРечиси илјада демонстранти кои бараат измена на регулативите за избор на лидер на Хонг Конг маршираа денеска до кабинетот на кинеската влада во тој град барајќи директни разговори со Пекинг за своите барања.

Демонстрантите меѓу кои најбројни се студентите, од 28 септември се на улици во Хонг Конг и блокираат три главни раскрсници во таа азиска финансиска престолнина.

Тие бараат слободни избори за првиот човек на Хонг Конг во 2017 година и бараат директни разговори со Пекинг бидејќи разговорите со локалните хонгконшки власти не дадоа никаков резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top