| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена изложбата „100 години театар во Скопје“

forum-na-slovenski-kulturi-03-480x320

Во Македонскиот народен театар беше отворена изложбата „100 години театар во Скопје“ на Музејот на театарски уметности на Србија од Белград. Изложбата, која е дел од програмата за одбележување 10 години од Форумот на словенски култури, ја отворија министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.

Министерката за култура во своето обраќање пред присутните оцени дека постановката е скапоцен документ и приказ за развојот на институцијата, која е театарска гордост на Македонија, но и потврда за одличните односи помеѓу Република Србија и Република Македонија, како и за меѓуинституционалната соработка помеѓу двата театарски музеи: српскиот и нашиот, новоформираниот Музеј на македонскиот народен театар.

– Оваа сериозно конципирана изложба за македонскиот театар, која минатата година прв пат беше презентирана во српската метропола, преку фотографии, документи, плакати и други вредни експонати, ги тематизира почетоците на професионалниот театар во Скопје, го документира создавањето на првата театарска институција и ги проследува првите 28 години од нејзиниот развој во периодот помеѓу 1913 и 1941 години – рече Канческа-Милевска.

Галеријата е формирана во 1849 година и денес е еден од музеите со најбогата колекција на националното богатство кое датира од 16 до 21 век. За јавноста во сегашната зграда била отворена 1985 годона.

Галеријата на Матица српска е прва која се стекна со наградата „Жива“ воведена по повод 10 години од постоењето на Форумот на словенските култури.

Одбележувањето на 10-годишниот јубилеј беше збогатено со концерт „Претставување на нематеријалното културно наследство на словенските земји“.

Форумот на словенските култури обединува 13 држави и над 300 милиони нивни жители (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија, Бугарија, Украина, Русија, Белорусија, Полска, Чешка и Словачка), кои соработуваат и разменуваат знаења и искуства за проекти што треба да ги зачуваат и негуваат нивните култури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top