| четврток, 6 декември 2018 |

Од што се плашат жените во сексот…

seks

Вечера, свеќи, пријатен разговор, а потоа следи повикот од кој многу жени наеднаш ги обзема страв и веднаш го менуваат расположението. Кои се најголемите женски стравови?!

Се плашат од болка

Една од најчестите женски стравови поврзани со сексот е исчекувањето на мачниот момент на болката. Таквата болка може да влијае само врз психата на жената бидејќи постои можност да создаде фобија. Некои жени толку ги стегнуваат вагиналните мускули од страв од болката што ситуацијата ја прават уште полоша отколку што би била.

Не се сигурни

Жените премногу се грижат и постојано мислат дека изгледаат грдо и дебело, а посебно се оптеретуваат со тоа што партнерот ќе мисли за нив. Доколку не се чувстуваат самоуверено во своето тело, несигурноста ќе се претвори во најголем страв и самите себеси психички ќе се спречат да уживаат во сексот.
Под притисок

Жените чувствуваат дека се под притисок да бидат “совршени” во кревет, бидејќи се плашат да не ги разочараат мажите со својот настап. Овој непотребен притисок и страв го нарушува сексуалниот живот.

Што ако тргне нешто наопаку?

Стравот од бременост и полово преносливи болести секогаш е застапен во мислите на жените. Затоа партнерите треба да им покажат дека се безбедни и сигурни и дека постојано користат заштита.

Што ако ме остави после сексот?

Верувале или не, но повеќето жени се плашат дека од нивните вештини во кревет зависи дали партнерот ќе ја продолжи врската со нив.

Сакаат побрзо да доживеат оргазам

За разлика од мажите, на жените обично им е потребно подолго време за да доживеат оргазам. Пред да започне односот, жените често чувствуваат притисок брзо да ја завршат акцијата за да се усогласат со својот партнер. Но, ова често води до анксиозност и не му помага никому.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top