| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалник од Мексико наредил студентите да бидат убиени, запалени и фрлени во река

Felipe de la Cruz, father of a missing student from a teacher's training college, addresses the media along with other parents at their college in AyotzinapaЗа смртта на 43 мексикански студенти виновни се припадници на локална банда и полицијата, кои постапувале според наредбите на градоначалникот, кој неодамна бил уапсен…
Мексиканските студенти кои исчезнале во септември, биле убиени од локална банда во соработка со полицијата, и тоа по наредбите на градоначалникот, објавил главниот мексикански државен обвинител, Хесус Мурило. Убиството на 43 студенти го признале самите членови на бандата “Guerreros Unido”. Тоа е заклучок од истрагата која сè уште не е завршена и во чии рамки мора да се спроведат ДНК анализи од запалените тела на студентите, што ќе биде премногу комплицирано, вели Мурило.
Тројца членови на бандата рекле дека поголемиот дел од студентите биле задушени кога им ги предала полицијата. Преживеаните биле застрелани, запалени и потоа фрлени во река. Досега биле уапсени повеќе од 70 луѓе за кои постои сомнение дека на некој начин се поврзани со масовното убиство.

43-те студенти исчезнале по судирите со полицијата во градот Игуала. Нивниот автобус на 26-ти септември го обиколиле вооружени мажи и од тогаш им се губи секаква трага. Во градот Игуала демонстрирале поради финансиските проблеми во кои западнал нивниот факултет. Во исто време во градот се одржувала една службена манифестација во организација на градоначалникот. Кога сфатил дека студентите одат во тој правец, наредил нивно апсење.
Пред неколку денови во Мексико бил уапсен градоначалникот на Игуала, Хозе Луис Абарка, како и неговата сопруга. Шефот на полицијата, Фелипе Флорес Веласкез е во бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top