Во време кога министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски имаше јавна набавка на коњи. Беа набавени 10 коњи за 85.000 тогашни германски марки. Разговарајќи за годините на транзицијата, Љубе Трпески, ексгувернер на НБРМ и поранешен вицепремиер во владата на СДСМ од 1992 година до 1997 година за време на гостувањето во студиото на „Република“ изјави дека за време паузите на владините седници во тоа време, се шегувале со Фрчковски за коњите кои ги донел.
Интересни и специфични се јавните набавки. Од коњи и очила, уметнички слики, возила и компјутерски софтвери, до прескапи медицински материјали и други набавки.
Трпески: Од позициите што сум ги имал во владата, министер без ресор, потоа потпретседател на влада, ниту сум правел, ниту сум можел да правам набавки. Документите за набавки не одат од министерствата до влада. Знам дека имаше повеќе шеги, особено на паузите на владините седници се шегувавме со министерот за внатрешни работи за набавката на коњите. Но, за некои злоупотреби не станувало збор.
Дел од разговорот можете да прочитате во неделникот Република, кој моментално е во продажба. Видео-разговорот ќе биде објавен наскоро на Република ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



