| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Хефнер: Немавме пристап до Плејбој забавите

Cooper-700x352

Додека повеќето луѓе Playboy Mansion го поврзуваат со разуздани журки и бујни плавуши, постојат и такви на кои таа вила им била место за растење.

Секако, тоа се синовите на Хју Хефнер, а најмладиот од нив, 23-годишниот Купер, за Business Insider се потсетува како било да се помине детството токму во овој рај за забава за возрасни.

Вели дека за него тоа било „прилично традиционален дом, иако всушност тоа и не е традиционален дом“, додавајќи: „Родителите не чуваа од однесувањето на возрасните, како и секој друг родител. Немавме пристап до забавите додека бевме мали, додека растевме“.

Сепак, не може да порекне дека некои нешта биле сосема поинакви: „Но, како и секој друг 13-годишник или 15-годишник, ако вашите родители прават божиќна забава, ќе се шмугнете на неа за да видите што се случува и зошто не сте поканет на истата. И да, имав такви вечери со моите пријатели, но нема да зборувам за нив, бидејќи веројатно би се нашол во проблеми“.

После тоа, покажа како изгледа имотот, па прво застана на базенот чии фотографии и снимки го имаат обиколено светот: „Чудно е, бидјеќи овој базен остатокот од светот го гледа како мека за оргии, а за мене тој отсекогаш претставувал авантура во стилот на Индијана Џонс“, вели Купер, упатувајќи се потоа кон најомиленото место од цел имот, таканаречената Game House, во која најмногу обожава да ги пречекува своите пријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top