Американскиот претседател Барак Обама одобри испраќање уште 1.500 војници за мисија против припадниците на Исламска држава во Ирак.
Обама исто така побара од Конгресот повеќе од пет милијарди долари за финансирање на борбата против Исламска држава.
Белата куќа соопшти дека американските трупи нема да имаат борбена улога во Ирак туку ќе советуваат и помагаат на ирачки и курдски сили.
Обама дополнителните сили ги одобрил да оперираат во ирачки воени објекти во предградија на Багдад и Ербил додека досегашните сили сеактивни само во заедничкиот координативен центар во кој имало и припадници на ирачката армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа