Викендов почнува со дожд, но не нешто особено интензивен. Во Југоисточниот крај во текот на раните утрински часови се очекуваат нешто поинтензивни врнежи. Според Метеопро, дождот во северната половина од земјата ќе биде позастапен во првата половина од сабота, но ќе биде повремен и релативно слаб.
Во втората половина од денот врнежите генерално ќе престануваат. Облачност сепак останува и во текот на вечерта.
Утрото ќе биде топло. Минималната температура ќе биде во границите од 8°С до 12°С.
Максимална температура околу 14°С се очекува во северната половина на земјата. Во југозападниот регион максималната ќе достигне до 13°С, Најтопло ќе биде на југоисток, каде максималната температура на воздухот ќе има вредност до 17°С.
Во скопското подрачје се очекува слаб дожд рано наутро, со можност врнежите да продолжат и претпладне. Попладне веројатноста за дожд ќе биде сосема мала. Минималната температура ќе има вредност околу 10°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне 14°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.