| четврток, 6 декември 2018 |

Најсиромашниот претседател на светот

pretsedatel na urugvaj

Поранешниот левичар и герилец, а сегашен претседтел на Уругвај Хосе Мухика, пред сè е познат по својот скромен начин на живот.

Од својата плата, која изнесува 12.500 долари, за себе задржува 1.250 долари, а другиот дел го дава во добротворни цели, по што добил епитет најскромниот претседател на светот.

Затоа еден арапски шеик е подготвен да му плати еден милион долари во замена за неговиот син автомобил – „буба“ од 1987 година.

Според пишувањето на локалниот неделник „Бускеда“, понудата е изнесена на самитот Г77+Кина, кој е одржан на почетокот на годината во Санта Круз, во Боливија.

Ова не е првпат некој да покажува интерес за автомобилот на најскромниот претседател на светот.

Претседателот Мухика изјавил за неделникот: „Ми дадоа понуда. Бев малку изненаден. На почетокот не му обрнував на тоа толку внимание, но подоцна стигна уште една понуда, па почнав посериозно да размислувам за тоа“, и додал дека доколку дојде до продажба на автомобилот, целиот износ ќе бил искористен во рамките на владината програма „План хунтос“ за изградба на станови за сиромашните.

Во неделникот, исто така, пишува дека мексиканскиот амбасадор Фелипе Енрике му понудил за автомобилот 10 теренски возила, а, исто така, изјавил за неделникот дека понудата била затоа што е голем почитувач на претседателот Мухике, неговото дело, неговата доблест и неговата солидарност кон сиромашните.

Претседателот Мухика, кој го нарекуваат Пепе е познат и по тоа што во текот на својот мандат, кој истекува в година, ги легализирал марихуаната, абортусот и хомосексуалните бракови.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top