Џо Манганиело е прогласен за најсексапилен ерген од списанието „Пипл“ за 2014 година.
Публика го познава Џо Манганиело од вампирската серија „Вистинска крв“.
Дознајте повеќе за животот на Џо Манганиело, најсексапилниот ерген за 2014 година.
Џо Манганиело е роден на 28 декември 1976 година, во Питсбург, Пенсилванија, САД. Израснал во католичко семејство од средна класа. Има сицилијански и австриски корени. Додека бил ученик тренирал фудбал, но не долго, поради повреда. Откако завршува со фудбалот, младиот Џо Манганиело почнува да тренира истовремено одбојка и кошарка.
Меѓу неговите омилени активности во гимназијата било да се собира со пријатели и заедно да снимаат филмови. Тогаш Џо Манганиело сфаќа дека има страст кон филмот и телевизијата. Во последната година од средното училиште Џо Манганиело добил шанса да го докаже својот талент, откако добил улога во училишен мјузикл. И до денес тоа е еден од најубавите негови спомени за актерството.
Прва посериозна улога Џо Манганиело ја добива во 2002 година за филмот „Спајдермен“, каде го игра Флеш Томсон. Следат повеќе улоги во различни серии како „Три хил“, „Итно отделениe“ и „Како се запознав со мајка ви“.
Во меѓувреме Џо Манганиело за да може да се издржува работи на различни места, како чувар, во бар и др. Најголемиот пробив и популарност за Џо Манганиело доаѓаат кога ја добива улогата на врколак Алсид Ерво во „Вистинска крв“.
Во меѓувреме Џо Манганиело се пријавува на кастинг за улогата на „Супермен“ во 2011година. Тој е во финалниот избор за улогата, дури му имаат земено мерки за костимот на Супермен. Поради промена во распоредот на снимањето на филмот, Џо не може да ја прифати улогата, поради распоредот за улогата во „Вистинска крв“, за кој имал потпишано договор со одредени услови .
Џо Манганиело е особено популарен меѓу дамите со улога на стриптизер во филмот „Меџик Мајк“.
Приватен живот
Џо Манганиело имал неколку врски познати на јавноста. Едната е со актерката Одра Мари, на која Џо ѝ понудил брак. Во 2012 година на снимањето на „Меџик Мајк“, Манганиело се запознава со Тенли Дин. Во 2013 година, додека е на бокс натпревар во Лас Вегас, на Џо Манганиело му се допаднала една од девојките покрај рингот – Бриџет Питерс. Двајцата почнуваат врска, која трае околу една година.
Од јули 2014 година Џо Манганиело излегува со актерката Софија Вергара. Двајцата веќе официјално не ја кријат врската и се појавуваат по јавни настани заедно.
Џо Манганиело во бројки и бои:
Висина: 196 см.
Килограми: 107 кг.
Боја на коса: црна, малку прошарана
Боја на очи: кафени
Интересни факти за Џо Манганиело
Хоби: Скокање со падобран.
Додека ја чека улогата на својот живот, мора да работи како градежен работник, телохранител и човек што патува со одредена музичка група по турнеи.
Се храни главно со протеини, за да ја одржува добрата фигура.
Слаткото искушение во неговиот живот е сладоледот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.