Омер Кулиќ следната недела ќе дојде во Скопје со заклучоци од неговата истрага за падот на владиниот „кингер“ и за смртта на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, кои ќе и ги презентира на Владата и на македонската јавност. Во моментов се средуваат последните технички детали и процедури и потоа нема веќе никаква пречка да се соопштат резултатите од оваа истрага, пишува „Вечер“.
– Се работат последните техникалии како што се преводи на извештајот на повеќе јазици. Можам да ви потврдам дека сѐ е готово, нема повеќе никакви пречки или заостанати процедури. Извештајот е заклучен и потврден, а резултатите се конечни. Следната недела доаѓам во Скопје за да ѝ ги презентирам на Владата и на македонската јавност – изјави Кулиќ за „Вечер“.
Минатиот месец нацрт-верзијата на извештајот беше испратена кај сите 14 членови на неговиот истражен тим, кои требаше да ја прегледаат и да ја вратат кај него со или без евентуални забелешки и исправки.
– Станува збор за внатрешна процедура. Нацрт-извештајот го имаа сите истражители кај себе. Заклучоците се тие, се разгледуваше само структурата на текстот и на извештајот – објасни Сотир Костов, претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.
Извештајот кој ќе биде доставен до Владата, треба да биде прифатен или отфрлен, а посред најавите ќе биде разгледан по итна постапка, односно на првата седница по доставувањето.
Босанскиот експерт досега не откри ниту еден детаљ од заклучоците, освен што најави дека тие ќе бидат во многу сегменти различни од оние во првиот извештај, кој вината ја лоцираше кај пилотите.
– Точно утврдивме што се случило. Не смеам да кажам кој е одговорен, наша задача е да испитаме како дошло до падот на авионот. Можам само да ви потврдам дека нашите заклучоци во голема мера се различни од оние во првиот извештај – рече Кулиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трајковски го искачи Палермо на лидерската позиција
-
Трајковски: Ќе им ги вратиме парите на жителите кои финансиски учествувале во изградбата на фекална канализација
-
Трајковски: Благодарност за поддршката во првиот круг, одиме на победа во вториот – за модерна и развиена Гази Баба
-
Несторовски стрелец на дебито за Палермо, два гола на Трајковски (видео)