Со развојот на технологијата и комуникацијата преку социјалните мрежи, уметноста во додворувањето лице в лице полека исчезнува од секојдневниот живот. Научете од холивудските професионалци како се прави тоа. Прочитајте ги најдобрите филмски реченици:
1. „Потребно ти е бакнување под итно. Тоа е она што не е во ред со тебе. Ти треба да си бакнувана често и тоа од страна на некој којшто знае како се прави тоа“.
Кларк Гејбл, „Однесено со виорот“
2. „Твојот сопруг ми кажа дека си најубавата жена којашто некогаш ја видел, но не ја очекував најубавата жена којашто јас сум ја видел“.
Џорџ Клуни, „Неподнослива суровост“
3. „Падни во несвест – јас ќе те фатам“.
Ралф Фајнс, „Англиски пациент“
4. „Поради тебе, сакам да бидат подобар човек“.
Џек Николсон, „Подобро не може“
5. „Дали е тоа татнеж од топ или само моето срце толку силно лупа?“
Ингрид Бергман, „Казабланка“
6. „Твоите очи се неверојатни, го знаеш ли тоа? Никога не би требала да ги затвараш, дури ни ноќе“.
Оливер Мартинез, „Неверна“
7. „Те сакам. Те сакам цела. Засекогаш. Ти и јас. Секој ден“.
Рајан Гослинг, „Бележник“
8. „Јас сум можеби криминалец, драга, но ти си таа која го краде моето срце“.
Бред Пит, „Телма и Луис“
9. „Знаеш ли да чуваш тајна? Се обидувам да организирам бегство од затвор. Барам соучесник. Прво би требало да излеземе од овој бар, па од хотелот, па од градот и на крајот од државата. Си за или против?“
Бил Муреј, „Изгубени во преводот“
10. „Се плашам дека кога ќе излезам од оваа соба, повеќе никогаш нема да го чувствувам ова што го чувствувам кога сум со тебе“.
Џенифер Греј, „Валкан танц“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.