| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот на кралот на соулот, Вилијам Мурел: Џејмс Браун сè уште не е погребан! Телото се наоѓа во куќата на неговата ќерка

james brown

Телото на кралот на соулот Џејмс Браун, наводно, се наоѓа балсамирано во куќата на неговата ќерка.

Кралот на соулот почина во 2006 година на Божик од срцев удар, по тешкото воспаление на белите дробови, но се чини дека тој е сè уште тука на површината.

Неговиот поранешен возач Вилијам Мурел изјавил дека телото на починатиот, по осум години од неговата смрт, сè уште не е погребано.

– Тој сè уште не е погребан. Се наоѓа во куќата на својата ќерка. Неговото тело е мумифицирано за да не скапе. Тоа ги чинело 140.000 долари. А зошто? Кога имаш 20-ина деца и шест жени тешко е да ве погребаат – открил Мурел иако малку претерал во бројноста на неговото семејство. Всушнот, Џејмс Браун се женел трипати и има девет деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top