| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот премиер ќе ја посети Србија

MANUEL VALLS DÉFEND SON BILAN

Францускиот премиер Мануел Валс во дводневната посета на Србија ќе биде придружуван од бизнис делегација, која е составена од претставници на 34 најголеми француски компании, а една од темите на разговорите со српските функционери ќе биде и изградбата на метро, пишуваат денеска белградските весници.

Весникот „Данас“ објавува дека Валс со српскиот премиер Александар Вучиќ ќе потпише изјава за плановите на Франција, Србија и градот Белград за изградба на метро во Белград.

Весникот пишува дека една од клучните теми, за која денеска ќе разговараат премиерите на Франција и Србија ќе биде и ангажирањето на француската фирма „Ванси“ во проектот за аеродромот во Белград „Никола Тесла“.

„Информер“ наведува дека акцент во разговорите меѓу „Ванси“ и највисоките српски функционери ќе биде договорот за изградба на метро во Белград.

– Доаѓањето на голем број, 34 француски компании, значи дека Франција верува во политичките и економските промени во Србија – пишува „Курир“, кој додава дека покрај останатите економски теми, ќе се разговара и за инвестиции во депонијата Винча и водоводот Макиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top