Која храна има негативни калории?
Тоа се сите намирници со низок глихемиски индекс, а висок процент на влакна кои заситуваат.
Овошјето, зеленчукот и лековитите билки се наоѓаат на оваа листа на намирници. Тие ја подобруваат работата на метаболизмот и произведувањето ензими, а со тоа го активираат телото да ги троши наталожените резерви.
Зеленчук кој се препорачува: аспарагус, боранија, репка, прокељ, зелка, морков, карфиол, целер, рдокви, краставици, грашок, кинеска зелка, праз, марула, цикорија, спанаќ, домат.
Овошје кое се препорачува: јаболка, капини, брусница, грејпфрут, лимон и лимета, малини.
Зачини и лековити билки кои се препорачуваат: цимет, каранфилче, чили, коријандер, ленено семе, лук, ѓумбир, кромид, магдонос.
Овие намирници имаат повеќе позитивни влијанија врз телото, а ова се само дел од нив:
– Ја подобруваат работата на метаболизмот
– Го зголемуваат нивото на енергија
– Го стабилизираат нивото на шеќер во крвта
– Го подобруваат варењето и чистењето на дебелото црево
– Го чистат црниот дроб, со што варењето на масти е поефикасно
– Ги спречуваат воспаленијата во телото
– Го намалуваат нивото на холестерол во крвта
– Ја подобруваат концентрацијата
– Ги ублажуваат стресот, анксиозноста и депресијата
– Го подобруваат сонот
– Ја подмладуваат кожата, ја обновуваат косата и ги зајакнуваат ноктите
Сепак, за да се дојде до значително губење на тежината се препорачува да се јаде до 2 килограми од наведената храна. Треба да биде свежа и непреработена.
Оваа храна не би требало да се консумира заедно со мрсни, високо калорични или претерано слатки намирници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.