Македонецот кој во Мелбурн беше пријавен како исчезнат е пронајден, информираат австралиските медиуми. Тинејџерот кој боледува од аутизам, по 24 часовна потрага е пронајден и вратен во семејството.
Инаку 19-годишниот Петар Чагорски вчера вечерта околу 21 часот во северните предградија во Мелбурн во населбата Резерво беше пријавен за исчезнат. Родителите на Петар биле загрижени за неговата безбедност поради болеста од која боледува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.