| четврток, 6 декември 2018 |

До здрава бременост преку совети од новата страница на „Фејсбук“

бременсот

Министерството за здравство креираше нова страница на „Фејсбук“ за медицински консултации и совети за здрава бременост.

Страницата е активна од вчера, а почнувајќи од денеска по еден доктор-гинеколог на дневна основа ќе одговара на прашања кои ќе бидат поставувани во текот на денот и ќе споделува стручни совети и мислења со идните родители.
Во периодот по 19 часот денеска на сите прашања ќе одговора д-р Марија Хаџи Лега, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, а во следните денови и д-р Весна Ливринова, д-р Горан Кочоски, д-р Ана Данева, д-р Иво Ќаев, д-р Роса Спасова, д-р Катерина Маџункова, д-р Ирена Тодоровска, д-р Корнелија Трајкова, д-р Миле Тантуровски, д-р Арта Бина и д-р Габриела Бушиновска.
Прашањата се поставуваат во коментар или во приватна порака на страницата на „Фејсбук“, а одговорот се добива во приватна порака. Одговорите на најчесто поставуваните прашања ќе бидат и јавно споделени (анонимизирано, без објавување на лицето што го поставило прашањето) за да се информира јавноста.
Со ваквиот начин на комуникација, истакнува Министерството за здравство, се овозможува директно и непосредно споделување на стручни медицински совети со идните родители, со цел заштита на здравјето на мајката и на детето.
Оттаму информираат дека меѓу првите совети споделени на страницата на „Фејсбук“ е советот за правилно и целосно пополнување на Мајчината книшка, која бремената жена ја носи со себе на прегледите и во која редовно треба да се впишуваат наодите од сите гинеколошки прегледи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top