
Во 27. минута при резултат 51:35, дербито помеѓу Работнички и МЗТ Скопје е прекинато, а судиската тројка се повлече од натпреварот од засега непознати причини. Неофицијално, бараат навивачите да се отстранат, бидејќи плукале кон судиите. Од тој дел од салата наводно биле фрлани тврди предмети на паркетот.
На полувремето Работнички имаше убедливо водство од 44:18, но во вториот дел тимот од Аеродром и актуелен шампион заигра многу поорганизирано во нападот и направи серија од 17:7.
Серијата ја предводеше Лучиќ со три тројки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


