Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески за следната 2015 година најави реализација на крупно инфраструктурни зафати во градот, пред се во делот на реконструкција и адаптација на неколку главни сообраќајници.
Според него, веќе во март и април идната година ќе стартува изградбата на пет кружни текови на главниот булевар „Туристичка“, од кои два со средства од Светска банка, а останатите три со средства од буџетот на општината.
Тој најави и реконструкција на пет улици во градот, со изградба на атмосферска канализација во населбите Далјан и Воска, како и набавка на неколку современи возила за јавното комунално претпријатие во градот.
– Очекуваме на крајот од оваа или почетокот од наредната година да започне изградбата на затворениот зелен пазар што е планирано да се гради во траење од 24 месеци. Други два крупни ветени проекти што ќе ги реализираме се катна гаража и доколку најдеме инвеститор ќе започнат градежните активности и за изградба на современа автобуска станица. Во наредната година ќе започне изградбата на затворениот пливачки базен, најави Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен
-
Облаци прав се креваат од градилиштето во Острово, каде следно ќе се гради?
-
Француски градежен гигант не сака да го гради ѕидот на САД со Мексико
-
За 14,2 проценти издадени повеќе одобренија за градење во ноември


