| четврток, 6 декември 2018 |

Стрип јунаци што ги одбележаа 60-тите и 70-тите

Во 1967 година стриповите на „Марвел“ за прв пат доаѓаат во Југославија. Дотогаш за нас непознатите јунаци полека почнаа да се вовлекуваат под кожата на домашните читатели.

Marvel13-203x300

Прв од нив беше Небојша-човекот кој не знае за страв. Она што особено е интересно за тоа време се токму имињата на овие стрип јунаци. Преведувачите се трудеа на секој од нив да му дадат „вистинско“ југословенско име, па така споменатиот Небојша на Запад беше познат како Даредевил. По повеќе години тоа престана да биде пракса, а можеби и преведувачите ги фати мрза, а по небојша дојдоа и друго јунаци на марвел: Тор, Херкул, Фантом пајак, Храбриот Кид.

Marvel4-211x300

Стриповите ги печатеа „Дечје новине“ од Горњи Милановац“. Од тоа време се и овие изданија: Тик-так, Екс алманах, Ју-стрип, Гигант бидер стрип, Никад робом и Џубокс.

Marvel12-218x300

Во тоа време се купуваа, се разменуваа, се разговараше долго за нив, а многумина се сеќаваат и на мирисот на хартијата на која беа печатени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top