Претседателот на листата за Природна Албанија, Кочо Динај ја изложи платформата за обединување на Албанците во регионот во една држава „природна Албанија“ тврдејќи дека тоа е „понуда за мир, а не за војна“.
Тој изјави дека на Владата на Црна Гора и испратил отворено писмо во кое ги изложува деталите и платформите кои вклучуваат отцепување на некои делови од земјата. Текстото на писмото го испратил и до дневниот вецник „Дан“, како и на владите на Србија, Грција и Македонија.
Во него пишува дека „ако Србите во Босна и Херцеговина можат да инсистираат на отцепување на Република Српска и нејзино припојување кон Србија, тогаш можат и Албанците во Црна Гора да инсистираат на самоопределување и заедничка иднина со матицата Албанија.
-Некои српски политичари, грчки, македонски или црногорски, па и некои албански се плашат дека обединувањето ќе предизвика домино ефект в0 регионот. Тоа не е вистина. Во регионот нема ниту една друга нација која е практично сосед на самата себе си, наведува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.