Дејан Пројкоски, уметничкиот директор на Македонскиот народен театар и оперската певица Славица Петровска-Галиќ се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје како признание за остварувања во разни области, а по повод денот на ослободување на Скопје. Пројковски и Петровска-Галиќ се добитници од областа на уметноста.
Годинава, добитници од областа на науката и здравствената заштита се Илија Велев и Африм Османи, од областа на образованието и воспитувањето е Ѓулумсер Касапи, од областа на културата и публицистиката се Симон Беличанец и Стојан Тарапуза, од областа на спортот Братислав Давитковски. Меѓу ученици и студенти се Маја Бочковска и Вејчеслав Поповски.
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Град Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Валентин Светозарев искористи изгорени дрва од пожар за сценографија на „Орестија“ во режија нан Пројковски
-
Дејан Пројковски ја режира „Орестија“ на „Сплитско лето“
-
Дејан Пројковски за претставата „Ромео и Јулија“ доби театарски „Оскар“ во Турција
-
„Човекот и огнот“ во режија на Дејан Пројковски со огромни овации на фестивалот „Табризим“ во Иран