Човечкото око претставува едно од најголемите мистерии од телото. Иако начинот на кој што нашето око го рефлектира светот ни изгледа сосема нормално, но постојат работи кои што сигурно не сте ги знаеле.
Сликата во мрежницата е свртена наопаку
Без разлика на тоа, ние немаме свртена слика пред очите. Но кога би ставиле наочари со призматично стакло, кое што нашиот вид го вртат наопаку, за многу кратко време и таквиот поглед на светот би изгледал сосема нормално.
Мрежницата е свртена на спротивната страна
Келиите кои ја детектираат светлоста, всушност се наоѓаат на задната страна на мрежницата и не се свртени кон видното поле. Светлината мора да пројде низ повеќе слоеви на нервни завршетоци и крвни садови да да дојде до рецепторите за светлина.
Мрежницата не детектира црвена боја
Научниците често велат дека мрежницта ги има истите детектори како и ЛЦД мониторот, црвена, зелена и сина. Сепак, таканаречениот црвен рецептор всушност ја запазува жолто-зелената, додека зелената ја запазува како сино-зелена боја, а мозот ги конвертира овие две бои во црвена.
Светлината ги потиснува фоторецепторите
Фоторецепторите не се активираат со помош на светлина, всушност тие се гасат. Присуството на светлина им го прекинува сигналот кој што мрежницата треба повторно да го воспостави.
Периферниот вид има многу мала резолуција и создава приближно црно-бела слика
Најмногу бои окото ни доловува тогаш кога гледаме право. Ако гледаме со периферниот вид, боите се намалуваат, а резолуцијата се намалува. Тоа не го приметуваме, но размислуваме дека видот ни се замаглува кога ќе погледнете странично, но нашиот мозок ги надополнува боите кои недостасуваат.
Резолуцијата на окото е само еден мегапиксел
Иако постојат преку 100 милиони фоторецептори во секое око, постојат само милион нервни завршетоци кои визуелните пораки ги пренесуваат до мозокот.
Визуелната слика во мозокот е поделена искривена
Сликата која ја гледам пред очите, во мозокот е поделена, така што и левиот и десниот дел од мозокот примаат само половина визуелна порака. Мозочките келии се повеќе фокусирани за да ја изоштрат резолуцијата на окото, па ја запоставиле исправувањето на сликата која ја создава во мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.