Во петок, во 21 часот на националната телевизија „Алфа“ ќе почне да се прикажува нова играна домашна серија „Приказни од животот”.
„Следејќи го вкусот на публиката, Алфа телевизија оваа пролет формираше тим за да создаде оргинална, домашна играна серија. Истражувањата покажаа дека публиката најмногу сака да ја гледа реалноста на тв екраните. Во самата природата е на човекот да сака да „ѕирне“ во туѓите животи и да ги спореди со својот. Сценаријата за „Приказни од животот” се изработени врз основа на вистински приказни, кои заради драматуршката целина на моменти се драматизирани. Секоја епизода е приказна сама за себе, така што темите кои ги обработуваме се навистина разнобразни, од прељуба, киднапирање, забранета љубов, измама,
криминал. Тоа се приказни од животот, кои можат секому да му се случат, не постојат исклучоци, животот е суров. Затоа сме сигурни дека вниманието на гледачите ќе биде на високо ниво, бидејќи ништо не е попривлечно од суровата реалност“, велат од „Алфа“.
Првата сезона на „Приказни од животот” ќе содржи 22 епизоди, секоја во траење од половина час.
Сценаристи на серијата се Ева Камчева и Елена Стојаноска, а режисер е Никола Кинчаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.