| четврток, 6 декември 2018 |

Која земја има најразвиена проституција, најмногу алкохоличари, пластични операции …

Бразил може да се пофали со своите пет трофеи на светските фудбалски првенства, Данска ја носи титулата „најсреќни држави на светот“, но не можат сите држави да се пофалат само со убави работи. Ние ќе ви представиме десет факти за кои никој не зборува...

10. Кој најмногу пуши?
Австрија е една од државите во Европската унија каде што пушењето не е „ин“. Но, и покрај тоа што голем број пушачи од неодамна престанале да пушат, таа го зазема првото место како држава во која 37% од населението е зависно од цигари.

9. Најголеми алкохоличари се…
Држава која е на прво место по испиен алкохол е Белорусија. И тоа 17,5 литри по глава на жител.

8. Пластична операција
На прво место по пластични операции е Јужна Кореја. Во оваа држава секоја петта жена има некој вид  пластична корекција.

7. Каде шумите веќе ги нема?
Местото каде што најбрзо се уништуваат шумите во светот е Хондурас. Дури 70% од нацијата живее во голема сиромаштија, а дрвото е нивниот единствен извор на енергија.

6. Каде луѓето живеат најкратко?
Со просечен животен век од само 49 години, Чад е држава со најкратко животно доба.

5. Пријателки во ноќта?
Германија е земја каде што дури 300 илјади луѓе работат во сексуалната индустрија.

4. Луѓе за ручек?
Канибализмот многу ретко, но сѐ уште се практикува во некои племиња. Такви има во Папуа Нова Гвинеја, Конго и во Амазонија.

3. Кој најмногу ги мрази животните?
Јапонците се на прво место како држава кога станува збор за суровоста кон животните.

2. Деца во војни
Сомалија е земја која, според статистиката, има најмногу деца-воини. Некои од нив имаат само по десет години и од рана возраст се учат да користат оружје.

1. Трговија со луѓе
Државата која е позната како место со највисока стапка на трговија со луѓе е Бангладеш. Секоја година меѓу 600 и 800 илјади луѓе се шверцуваат преку граница за продажба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top