Скарлет Јохансон се појави во одлична форма на проекцијата на филмот „Теорија на се“, иако само пред два месеци стана мајка.
Таа го роди своето прво дете на почетокот од септември, но веќе се врати во форма. Во тоа можевме да се увериме откако се појави на приватната проекција на филмот „Теорија на се“, драма која се фокусира на животот на генијалниот англиски физичар, космолог и автор Стивен Хокинг, посебно на младите години додека студирал на Кембриџ и се запознал со колешката Џејн Вајлд. Дваесет и деветгодишната Скарлет позираше со Еди Редмејн, кој го толкува ликот на Хокинг по проекцијата на филмот во понеделникот вечер во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.